Се "крчкаат" уште 100 милиони евра евтини кредити за компаниите

Bez autora
Jul 23 2013

Околу 5.000 работни места ќе бидат отворени со реализација на инвестициите кредитирани со евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменета за малите и средни претпријатија. Пресметките од Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) преку која се пласираат кредитите со камата од само 5,5%, велат дека од вкупно 250 милиони евра Владата што ги договори со европската банка, досега се одобрени 761 кредит и се искористени 221,6 милиони евра. До крајот на месецот ќе биде исплатена уште една транша од третата кредитна линија со што ќе се создадат услови за започнување на преговори за четврта од уште 100 милиони евра. Според податоците од државната банка, трите кредитни линии што беа договорени досега, се искористуваат со многу побрзо темпо од предвиденото и компаниите секојдневно аплицираат со кредитни барања.

Се "крчкаат" уште 100 милиони евра евтини кредити за компаниитеОколу 5.000 работни места ќе бидат отворени со реализација на инвестициите кредитирани со евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменета за малите и средни претпријатија.

Пресметките од Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) преку која се пласираат кредитите со камата од само 5,5%, велат дека од вкупно 250 милиони евра Владата што ги договори со европската банка, досега се одобрени 761 кредит и се искористени 221,6 милиони евра. До крајот на месецот ќе биде исплатена уште една транша од третата кредитна линија со што ќе се создадат услови за започнување на преговори за четврта од уште 100 милиони евра.

Според податоците од државната банка, трите кредитни линии што беа договорени досега, се искористуваат со многу побрзо темпо од предвиденото и компаниите секојдневно аплицираат со кредитни барања. Најмногу доминираат компании со инвестиции во зголемување на производството, по што следат трговските и извозно ориентираните компании.

- Основен услов за почеток на процедурата за нова четврта кредитна линија од ЕИБ е искористување на најмалку 70% од претходната трета линија. Со оглед на тоа што досега од третата линија се повлечени 61,6 милиони евра, а во текот на јули ќе се повлечат уште 10 милиони евра, реализацијата ќе достигне 71,6% со што веќе кон крајот на овој месец ќе се создадат услови за отпочнување на преговори за нова кредитна линија со ЕИБ - вели Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање во МБПР.

Според него, од сите три фази на кредитната линија ЕИБ со вкупна вредност од 250 милиони евра, досега се реализирани 20 транши во износ од 221,6 милиони евра (89%) за поддршка на 761 проект. Средствата од оваа кредитна линија доминантно се одобрени за поддршка на производството (50%), трговијата и извозот (24%), а потоа следуваат транспортот (6%), градежништвото (6%), хотелиерството (4%), здравството (4%) итн.

- Со реализацијата на кредитните линии се очекува да се поддржат околу 5.000 работни места. Просечниот износ на кредит по проект за ЕИБ кредитната линија изнесува 291.000 евра, а највисокиот износ на кредит кој досега е одобрен изнесува 4,75 милиони евра за проект од месната индустрија - потенцира Станојковски.

Од државната банка велат дека реализацијата на кредитните линии од ЕИБ секогаш оди многу побрзо од предвиденото.

- Согласно договорот со ЕИБ, повлекувањето на средствата од секоја кредитна линија на ЕИБ треба да се изврши во рок од две години, а досега сите три ЕИБ кредитни линии се реализирани пред крајниот рок предвиден со договорот. До МБПР досега не е стигната ниту една поплака, забелешка или коментар во врска со пристапот до овие средства - објаснува Станојковски.

Првата кредитна линија од ЕИБ стана достапна за македонските компании од крајот на 2009 година. Средствата се достапни по субвенционирана камата од 5,5% и рок на отплата од осум години со грејс-период од две години. Седумдесет проценти од кредитната линија се за малото стопанството, а 30% за големите компании.

Малите и средните претпријатија може да ги користат за обртни средства и за инвестиции, а големите компании може да аплицираат за проекти од областа на животната средина, претприемништвото и иновации, енергетика, инфраструктура, индустрија и други услужни дејности. Кредитите од 10 илјади до 3,5 милиони евра ќе се одобруваат со рок на отплата осум години, грејс-период од 2 години, а кредитите со износ од 5 илјади до 667.000 евра со рок на отплата до 3 години со грејс-период од 6 месеци.

Повлечена половина од кредитната линија за агробизнисот

Во однос на кредитната линија за агробизнисот која ја обезбеди државата со вкупна вредност од 10,7 милиони евра, а која се реализира од втората половина на минатата година досега се одобрени 21 проект во износ од 5,9 милиони евра односно околу 55% од парите.

Од МБПР потенцираат дека најголем интерес кај агробизнисмените за користење на оваа кредитна линија има од мелничката индустрија која има искористено 32% од кредитот, по што следат винската индустрија со 25%, конзервната индустрија 24%, сточарството 6%, месната индустрија 5%, индустријата за масло 5% и млечната индустрија 3%.

- Кај кредитната линија за поддршка на агробизнисот просечниот износ по проект изнесува 281.000 евра, а највисокиот износ на кредит кој досега е одобрен е 500.000 евра за проект од мелничко-пекарската индустрија. Притоа, треба да се земе предвид дека согласно одлуката на Владата максималниот лимит за задолжување од оваа кредитна линија по кредитокорисник изнесува токму 500.000 евра - објаснува Станојковски.

Според него, темпото на одобрување на кредитните барања за оваа кредитна линија е стандардно и е во согласност со циклусите во земјоделството и агропреработувачката индустрија.

- Во текот на последниот квартал од минатата година се одобруваа кредити за винската и конзервната индустрија, во првиот квартал од оваа година за месната и млечната индустрија, а во овој период претежно се одобруваат кредити за мелничката индустрија. Ако се продолжи со оваа динамика, реално е да се очекува дека до почетокот на следната година оваа кредитна линија ќе се реализира во целост - истакнуваат од МБПР.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik